Мирно завршија протестите - Зијадин Села повторно на чело

Група демонстранти и денеска се собра пред Јаја-пашината џамија во Чаир. Тие се упатија кон Бит-пазар, а полициското обезбедување ја следеше ситуацијата. Протестантите извикуваа „УЧК“ и носea транспаренти на кои пишува „Владеење на правото е еднакво на нула“, „Пресуда по диктат“, „Изислени мотиви“, „Јанкуловска терорист“. Организатор е Бедри Ајдари, брат на еден од осудените, а предводинк и гласноговорник повторно беше градоначалникот на Струга Зијадин Села.

haosssss_wide

Демононстрантите се разотидоа, а протестите поминаа без никакви инциденти. Демонстрантите ги кажаа своите барања. Тие најавија дека протестите нема да престанат се додека не бидат исполнети следните барања: Ослободување на осудените во случајот Монструм и нивно обештетување; итно разрешување на јавниот обвинител и судијата од случајот; како и нивно кривично гонење за злоупотреба на службената должност; оставка од министерката за внатрешни работи, итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово; и како и барањето јавниот правобранител , Хелсшинкиот комитет, ОБСЕ да ги посетат приведените од протестите во Скопје и Тетово и праведно да ги известат нивните роднини и поришаката јавност за нивнат физичка и здравствена состојба.

Коментари

Популарно