Омилениот сладолед открива какви сте во кревет

Летото е време кога постојано посегнуваме по сладолед. Ова ледено задоволство, за вас открива повеќе отколку што може да претпоставите. Всушност, вашиот омилен вкус на сладолед открива какви сте во сексот и што очекувате од партнерот.

tumblr_m4wespWy6Z1rwushmo1_r1_500

Ванила

Овој вкус е класика помеѓу сладоледите и веќе со децении е еден од најпопуларните. Ако го обожавате овој вкус, тогаш сте личност која цврсто стои на земја. Како и сладоледот, преферирате класичен секс и не сте љубител на големи експерименти во креветот. А предлогот за секс на отворено или на необични места, скоро секогаш го одбивате. Тоа не значи дека сте досадни во кревет. Љубителите на ванила се нежни и секогаш се во потрага по вистинската љубов.

Чоколада

Чоколадата е популарна исто колку и ванилата. Но за разлика од белата ретро класика, постојат повеќе видови чоколадни сладоледи. Љубителите на чоколадниот сладолед се страствени луѓе кои сакаат да уживаат - како во храната и добрите вкусови, така и во љубовта и сексот. Овие луѓе имаат седмо сетило кога се работи за потребите на другите. Тие се посветени и издржливи љубовници.

Орев, фстаци, лешник, бадем

Овие сладоледи тешко се комбинираат со другите вкусови. Па така, љубителите на овие вкусови се верни души. Секс со различни партнери едноставно не е за нив. Овие луѓе се романтичари и секогаш бараат сериозна и стабилна врска. Изневерувањето не доаѓа во предвид, а семејството секогаш им е на прво место.

Страчатела

Овој вкус е средина помеѓу ванилата и чоколадото. Така не мора да правиме избор и добиваме две во едно. Љубителите на страчатела се неодлучни, а во кревет им е потребна разноликост. Обожаваат различни секс пози и не можат да одлучат која им е најдрага, исто така обожаваат варијации на различни секс теми. Кога е љубовта во прашање, остануваат верни и посветени само ако добијат доволно слободен простор за себе.

Лимон

Не постои сладолед кој освежува повеќе од лимонот. Љубителите на ломонот се сонувачи и кога е сексот во прашање. Имаат широки хоризонти, но тие често не можат да се остварат. Сакаат егзотични работи, а кога се работи за изборот на партнер, се карактеризираат со неодлучност. Сепак, кога ќе ја сретнат вистинската љубов, вистински се посветуваат. Со љубителите на ломонот, еротиката секогаш е во игра.

Кафе, карамела

За оние кои обожаваат кафе и карамела, овие сладоледи се без кконкуренција. Тоа се прагматични луѓе, а такви се и во љубовта. Не сакаат да експериментираат, па може да се случи и да се налутат ако партнерот им предложи нешто ново и необично. Овие луѓе повеќе ја бараат љубовта на интелектуално ниво, отколку на еротско.

Коментари

Популарно