Кинески град со 30.000 жители ставен во целосна изолација заради чума

Кинескиот град Јумен, кој има 30.000 жители, е целосно изолиран, а 151 лице од минатата недела се наоѓаат во карантин, откако еден човек од градот починал од чума, објави денеска кинеската државна телевизија ЦЦТВ. На жителите на Јумен, во провинцијата Гангсу во северозападна Кина, не им е дозволено да го напуштаат градот, а полицијата која постави барикади на излезите од градот, возачите ги упатува да одат по алтернативните патишта.

51195291

На почетокот на јули 38-годишен маж пронашол мртов мрмот, го исекол и со него сакал да го нахрани својот пес, но истиот ден добил треска. Човекот бил префрлен во болница откако состојбата му се влошила и минатата среда починал, по што е утврдено дека бил забопен од чума.

- Градот има доволно ориз, брашно и масло за потребите на сите жители во следниот еден месец - пренесе ЦЦТВ и додаде дека жителите на градот и граѓаните во карантинот се во стабилна состојба. Властите на никого не му дозволуваат да го напушти градот, наведе телевизијата, иако весникот „Чајна дејли“ претходно објави дека во градот се воспоставени „четири карантински сектори“. Последниот случај на чума во Кина беше забележен во 2012 година кога болеста се пренесе од инфицирано животно врз човек.

Коментари

Популарно