ВИДЕО: Погледнете го најбрзиот сервис во женскиот тенис на сите времиња: Лисицки сервираше со 210,8 км/ч

Сабине Лисицки од Германија постави нов рекорд во брзина на сервисот. Таа ноќеска во Стенфорд (САД) на мечот со Ана Ивановиќ сервираше со 210,8 километри на час што претставува најбрз сервис во историјата на женскиот тенис.

sabina-lisicki-servis

Германката го загуби мечот со 2-0 во сетови 6:7 и 1:6.

- Ако ништо друго, барем поставив нов светски рекорд во најбрз сервис, напиша Лисицки на Твитер.

На вечната листа во најбрз сервис во женскиот тенис во ТОП 5 по Лисицки следуваат:

Венус Вилијамс (САД) 207,6 км/ч,

Серена Вилијамс (САД) 207,

Јулија Горгес 203 и

Бренда Шулц-Мекарти (Холандија) 202,7.

Коментари

Популарно