Бев резил и правев работи од кои никој не се опоравува!

Правев работи кои се одвратни и од кои никогаш не се опоравуваш. Секој може да ти каже "Ти простувам" но никој не може да заборави, признал Вилијамс.

bev-rezil-i-pravev-raboti-od-koi-nikoj-ne-se-oporavuva-155929

Славниот актер и комичар, Робин Вилијамс беше пронајден мртов во својот стан во Калифорнија, а според првичните информации се работи за самоубиство. Актерот кој беше награден со Оскар за улогата во филмот "Добриот Вил Хантинг" водеше голема борба со акутна депресија во последните неколку денови.

Веста за неговата ненадејна смрт го шокираше светот, а од сите страни колегите, пријателите и фановите одаваат почит. Пред да му се роди синот, во 1983 година, Вилијамс бил зависник од алкохол, но непосредно по породувањето на неговата сопруга тој се откажал од пороците и успеал да остане трезен дури 20 години. Но, за време на снимањето на филмот "The Big White" на Алјаска во 2003 година почнал повторно да пие.

-Бев во мал град кој не е на крај на светот, но мислам дека од таму можевте да го видите крајот. Во тој момент мислев дека алкохолот ќе ми помогне. Бев осамен и исплашен. Работев премногу и утеха најдов во чашката. Тоа беше најлошата работа во светот, изјавил актерот во интервју за The Guardian, при тоа додавајќи дека првата голтка била топла и прекрасна. Но, веднаш потоа доаѓале проблемите за кои никој не може да ви помогне.

Иако многумина тврдеа дека причината за враќањето на пороците е смртта на неговиот близок пријател Кристофер Ривим сепак Вилијамс го негирал ваквото тврдење.

-Иако звучи себично, сепак се е поврзано со стравот. Алкохолот ми помага да го намалам стравот. Барем така си мислам. Се плашам од се. Станува збор за страв од се и фрустрации. Постојано сум исплашен и вознемирен, додал тој во интервјуто, при тоа истакнувајќи дека никогаш не му се вратил на кокаинот, бидејќи знаел дека тоа ќе го убие.

-Кокаинот ме прави параноичен и неспособен. Иако е многу забавен, сепак никогаш не ми се роди желба да пробам пак. Бескорисни разговори до полноќ, будење во зори како вампир, НЕ, не сакам, изјавил актерот, при тоа истакнувајќи дека му биле потребни две недела за да си признае сам на себе дека има проблеми со алкохолот.

-Првата недела се лажете самите себе, си велите дека можете да престанете, а тогаш вашето тело се буни и продолжувате да пиете. Три години ми беа потребни за да станам на нозе, по што следеше рехабилитација, додал тој.

Бракот на Вилијамс завршил во 2008 година како резултат на пиењето, и покрај фактот дека во тој период бил трезен.

bev-rezil-i-pravev-raboti-od-koi-nikoj-ne-se-oporavuva-155931

-Бев резил. Правев работи кои се одвратни и од кои никогаш не се опоравуваш. Секој може да ти каже "Ти простувам" но никој не може да заборави, признал Вилијамс, при тоа додавајќи дека сега е малку посреќен, како и дека не се плаши да биде несреќен.

Коментари

Популарно