Наполи и Милан се договориja, се чека Пандев да каже да

Многу веројатно е дека Милан ќе биде следната дестинација за Горан Пандев. Најдобриот македонски фудбалер е многу блиску до преселба на „Сан Сиро“ откако Наполи веќе се договори со „црвено-црните“ за негов премин во таборот на екипата од Милано. Пандев веќе беше на „работа“ во овој град, но во таборот на Интер и тоа двапати, а вториот пат забележа голем успех и ги освои сите можни титули. Очигледно е дека тренерот Рафаел Бенитез е „крвникот“ на Пандев. Затоа што и кога дојде на местото на Мурињо во Интер, Шпанецот многу лесно се откажа од неговите услуги и го испрати во Неапол, а еве истото се случува и по неговото доаѓање во Наполи.

Goran_Pandev

Излезната врата му е дефинитивно отворена со оглед дека Бенитез не го пријави Пандев во списокот на оние кои ќе настапуваат во плеј-офот од Лигата на шампионите и дуелот против Атлетик Билбао, кој за Наполи значи и можност да се пласира во групите од европската „елита“. Наполи и Милан се веќе договорени. Се чека само „ДА“ од Пандев, и трансферот да биде реализиран. „Сините“ сакаат да го дадат, „росоњерите“ сакаат да го ангажираат, договорено е сè, само одговорот на Пандев се чека за реализација на трансферот, и да биде прв Македонец кој ќе го носи дресот на двата милански клуба и големи ривали. Единствената пречка е тоа што „црвено-црните“ сакаат договор на една година, додека нашиот фудбалер соработка на повеќе. Инаку, Пандев и пред извесно време (пред да замине во Наполи) беше поврзуван со трансфер во Милан, меѓутоа тогаш се реши за Наполи.

Коментари

Популарно