Започна третата светска војна!

Со години слушаме за предвидувањата на Нострадамус, Баба Ванѓа за третата светска војна. Разорна војна која ќе го уништи човештвото. Често се смееме на таквите предвидувања, но сега кога сме на самиот праг на истата, никој не и оддава внимание. Поинтересни се дневните случувања од тектонските промени во светот, кои секако ќе влијаат и на нас и нашата мала држава.

3rd_world_war1396328297

Она што се случува во Украина е почетокот на голема војна, иако многумина би сакале да не е така. Медиумите воопшто не ја третираат, а политичарите, барем оние локалните не ја коментираат. И оние ретките кои се осмелуваат да зборуваат на темата ќе кажат дека тоа е само почеток на нова студена војна. Сепак реалноста е сосема друга. Украина и наводната граѓанска војна во државата е кокичето на тектонски промени на владеењето со планетава кои секогаш одат заедно со војна. Не треба да размислувате многу или да сте многу паметни за да знаете дека Америка нема да ја предаде власта без војна. Всушност САД има само две опции доколку ја загуби битката и во двете сценарија има голема војна. Лошата вест е дека САД нема никави шанси да излезе како победник и лидер на новиот поредок. Некогаш моќната Америка во оваа битка за власт влегува неподготвена, без вистински партнер и стратегија. Влегува во битка против стабилната и моќна Русија, забревтаните Кина и Индија, потпомигнати од Бразил и ЈАР(БРИКС), со цела Јужна Америка во позадина. Всушност Русија има подршка од цела Азија и Јужна Америка, односно во битката против САД сите се на страната на Русија, освен засега наводно неутралната Европа.Стариот континент од друга страна, секога знаел да го избере победникот и да застане на негова страна, но,дури и со Европа на своја страна америте ќе ја изгубат оваа битка. Победникот ќе се пролонгира, но истиот е веќе решен. САД го знае тоа, па затоа со крајни сили се обидува да го запре процесот во кој тие ќе бидат воена зона, изолирани, посрамени. Оттаму законот што пред еден месец помина во Сенатот на САД, насловен како „Превенција за Руската агресија“, но токму во тој тескт се гледа во колку незавидна состојба е Америка и кој новиот светски владетел.

Ставени во позиција во која ниедна опција не носи победа, на Американците им останува да решат каде ќе се одвива војната и кои ќе бидат последиците.

1. Првата опција е трета светска војна на туѓо тло. Напад на Русија не доаѓа во предвид, па најверојатна опција за локација на судирот на воените гиганти би биле Блискиот исток, Јужна Америка или (најмалку веројатно) Украина. Вакво нешто е многу лесно изводливо за Америкнците, но и таму ги чекаат моќните армии на Кина, Индија и најверојатно најмоќната воеана сила Русија. Американците ќе имаат мала подршка од Англија и можеби Франција, но само доколку ги убедат дека можат да ја добијат војната. Иако на прв поглед оваа опција е многу поприфатлива од војна на сопсвено тло, пораз(кој е многу реален) во истата ќе значи и воена окупација на САД!

2. Втората опција тивко повлекување на САД од водечката светска позивција. Но, и во овој случај војна ќе има. Ако САД се повлече од подиумот, ќе изгуби многу ресурси. Ресурси кои во овој момент ја одржуваат кревката економија на Америка. Кога таа ќе се сруши, во САД ќе испливаат сите несогласувања и голема граѓанска војна меѓу богатите и сромашните сојузни држави. Веќе видено сценарио од минатиот век.

Како и да изберат Американците, самите се виновни за сопствениот пораз. Наместо реална тие изградија надувана економија, па истата како балон им пукна во лице. Најмоќната држава во историјата на човештвото изгради моќни и богати поединци, но ја изгуби моќта во светот. Сега, кога истата е на залез, во светот ќе изгрее „ново сонце“. Каде ќе се најде Македонија во новиот ден и дали ќе бидеме во победниците или победените? Одворот ќе дојде многу брзо, многу побрзо од што мислиме.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно