Дали си нинфоманка?

Колку често во денот помислуваш на „онаа работа“? Обичниот секс не те задоволува? Цело време би гледала порнографски филмови? Попрво би купила нов вибратор отколку чевли? Нимфоманијата е проблем кој може сериозно да го преокупира животот на некоја личност. Сепак, не е секоја поголема желба за секс знак дека си нимфоманка. Ова се „симптоми“ кои можат да бидат загрижувачки.

seksvrijeme_28042014_jimmy-01

Сексот ги окупира твоите мисли во поголемиот дел од денот

Во ред е да помислуваш повремено на секс. Велат дека мажите помилсуваат на тоа дури неколку десетици пати во текот на 24 часа. Меѓутоа, нимфоманките не можат да се концентрираат на работата, филмот, книгата, домашните работи...од силната желба за допири. Ако и ти си забележала дека се случува вакво нешто, дека си подготвена да оставиш се` ако ти се пружи шанса за секс, обрни внимание колку често ти се случува тоа.

Магазини, филмови, музика...

Сексуалните алузии продреа во многу сфери од нашиот живот, уште од фрижидер да ни „излегуваат“ намирници спакувани во „секси амбалажа“. Тоа им пречи на многумина, но не и тебе. Дури ги купуваш сите магазини, филмови, музика на таа тема. Дали, можеби си претплатена на некој магазин од тој тип? Што е првото што ти се појавува на екранот кога ќе го уклучиш компјутерот? Какви апликации преовладуваат во твојот телефон?

tocka-82013

Неверството е во ред

Нимфоманките се промискуитетни, дури и кога имаат долготраен партнер тие не можат да ја задоволат својата жед за секс. Неверството е составен дел од нивниот живот, што не значи дека не го сакаат мажот со кој се во врска. Дали и ти одиш од кревет во кревет?

Наместо чевли, купуваш „играчки“

Освен порнографските филмови, твоите плакари се полни со во вибратори и останати сексуални помагала? Додека твоите пријателки трчаат по распродажби, ти чекираш термини за еротски саеми и нарачуваш најнови „модели“? Чевлите се во ред, но само ако се секси?

Nimfomanka

Секојдневно мастурбираш

Нема ништо лошо во мастурбацијата, без оглед на тоа дали имаш редовен секс или не, но секојдневното самозадоволување, или практикувањето на тоа повеќе пати на ден, спаѓа во опсесивно сексуално однесување. Дали си го забележала тоа кај себе?

Тажна си после сексот

Еден од симптомите за пренагласен сексуален апетит е чувството на тага после сексуалниот однос. Анксиозноста или депресијата се чести чувства кај жените кои се зависни од секс.

Коментари

Популарно