Марихуната е многу поопасна од што мислите

Д-р Семјуел Бол од Националниот центар за зависност и злоупотреба на дроги при Универзитетот „Колумбија“ објаснува дека марихуаната со текот на годините се менувала и оти се урива митот за тоа дека не создава зависност.

p26

Секое десетто лице што редовно пуши марихуана е изложено на ризик да развие зависност од оваа супстанција, тврди тој.

- Да, би ја окарактеризирал марихуаната како дрога која создава зависност – рече овој експерт.

Тој истакнува дека зависноста ја создава психоактивната супстанција делта 9-тетрахидроканабинол (THC), чија концентрација со текот на годините драстично се зголемила.

- Марихуаната што денес се користи не е иста со марихуаната што ние сме ја пушеле кога сме биле млади – објаснува тој, укажувајќи на фактот дека станува збор за билка која многу лесно се одгледува и дека луѓето денес ги одгледуваат оние видови што содржат поголемо ниво на THC.

Коментари

Популарно