Секоја петта жена го следи бившиот од лажен профил

Секоја петта жена после раскинувањето се обидува да остане во контакт со бившиот преку социјалните мрежи – и за тоа веќе зажалиле. Исто толкав број на жени признале дека создале и лажни профили за тајно да ги следат бившите, покажува истражувањето на британската компанија OnePoll.

facebook_21

Според податоците, само 48 отсто од жените ги прекинале сите контактите со бившите на интернет. Околу 18 проценти од луѓето велат дека поради достапноста на социјалните мрежи доаѓаат во искушение да се слушнат со бившиот партнер, но успеваат да одолеат на искушението и да се задоволат со информациите што тој ги објавува.

- Социјалните мрежи ни олеснуваат и овозможуваат и понатаму да ги следиме лицата кои порано биле дел од нашите животи. Но понекогаш тоа станува вистинска опсесија, велат психолози. Велат дека е едно да наидете на фотографија или информација за бившиот партнер а сосема друго е да сте опседнати со тоа што го работи.

Коментари

Популарно