Дали ФФМ сака да го уништи ФК Вардар?

Секогаш кога во македонскиот спорт ќе се појави некој нов сопственик на за наши услови силен клуб, веднаш се јавуваат проблеми помеѓу клубот и надлежната федерација. Единствено Кометал Ѓорче Петров го немаше овој проблем, бидејќи сопственикот беше и претседател на РФМ. Најнов ваков пример е ФК Вардар. Откако започна македонското фудбалско првентсво оваа година, по секое одиграно коло читаме и слушаме препукувања на релација Вардар – ФФМ и обратно. Цревеноцрните се жалат дека ФФМ има различни аршими за тимовите и дека Вардар секогаш е казнуван, а другите екипи и покрај сериозните пропусти, не. Од ФФМ пак велат дека работат по статут и дека го третираат Вардар исто како и останаите клубови. Јасно е дека некој лаже, но кој?

samsonenko-so-dresot-na-vardar-1

1. Зошто Вардар би лажел? За да ги покрие лошите резултати и покрај дрим тимот што го склопи?! Иако црвеноцрните немаат идеален старт, далеку се од лош резултати и стојат на врвот на табелата. Значи резултатите не се причина, па што би било тогаш? Егото на богатиот сопственик? Истиот тој господин е сопственик на уште два спортски клуба во Македонија и нема никаков проблем со другата федерација. Човекот вложи 15 милиони евра во спортска сала, 1 милион евра во фудбалска академија за ФК Вардар и ни даде спорт и на нас Македонците. Зарем тој сега би се свртел против ФФМ затоа што Вардар не ги доби сите натпревари?

2. Зошто ФФМ би лажеле? Прво тие и не мораат да лажат. Луѓето си донесоа закон со кој за секој инцидент на трибините се казнува клубот чии фанови го направиле инцидентот! Јас за ваков закон не знам во ниедна друга држава. Можеби постои некаде, но јас искрено не сум чул. Значи, ако јас се облечам во дрес на Вардар и тркнам до градски во недела и си запалам бакља, не сум ја крив. Самсоненко ќе плаќа! Тој е одговорен за мојот налудничав потег. Но внимавајте, ова не е најлошото сценарио. Замислете јас можам истото да го направам и во друг град и на друг стадион. Се додека јас тврдам дека сум навивач на Вардар, Самсоненко ќе плаќа за мене. Значи се што ми треба е желба да го празнам новчаникот на богатиот сопственик и црвеноцрн дрес. Браво! Но, ова не е врвот. Најмногу ми се допадна изјавата на претседателот на ФФМ кој рече дека парите кои му ги земаат на Вардар тие ги вложувале за развој на фудбалот во Македонија и младите фудбалери! Да се чуди човек зошто се жалат вардарциве. Па ФФМ тоа за сечие добро им зема пари. Вардар е казнет секое коло за сечие фудбалско добро. Тоа што речиси сите останати клубови наместо на стадиони играат на пољанки, каде нема редари и никој за ништо не одговара не траба да е грижа на Вардар. Па дури и ФФМ призна дека има двојни стандарди по натпреварот Пелистер – Вардар. Во нивното соопштение пишуваше „ дозволените пропусти во организацијата и несоодветните инфраструктурни услови за натпревар од ПМФЛ.“Но, на истиот тој меч казнет е Вардар, како гостин!

Значи јасно е кој лаже и признава меѓу редови и кој е оштетен и допрва ќе се оштетува. Јасно е дека на некого нему одговара силен Вардар или воопшто силен македонски фудбалски тим. Некој во ФФМ навикнал да биде главен и единствен. Приказна слична на „Снежана“ и „огледалце, огледалце кажи ми кој е најубав на светот“. Затоа фудбалот ни на ниво на 5 англиска лига, а публика на стадион последен пат имало во 1987 година. Да се надеваме дека Самсоненко ќе го издржи притисокот и ќе ни овозможи евроспки фудбал во Скопје. Да се надеваме дека во ФФМ ќе се појават луѓе на кои „огледалцето“ не им е пресуден фактор и дека ќе работат за подобар македонски фудбал.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно