Кајмакоски во дует со Нина Бадриќ на "Руњичеве вечери"

Победникот на првото нагледано регионално музичко шоу, нашиот Даниел Кајмакоски на 5 октомври ќе настапи на јубилејните десети по ред "Руњичеве вечери" во Сплит.

dan.jpg500

„Чест ми е да ви соопштам дека на 5 октомври ќе настапам на јубилејните десети по ред Руњичеве вечери во Сплит, Хрватска. Срекен сум што на овие вечери (каде покрај другите ќе настапи и легендарниот Оливер Драгојевиќ) ќе пеам во дует со прекрасната Нина Бадриќ", напиша Даниел на својот Фејсбук профил и секако не пропушти на фановите да им каже дека ги сака.

1dan.jpg500

Песната која ќе ја отпее Даниел со колешката од Хрватска носи наслов "Један од многих“.

Коментари

Популарно