И Лепа Брена вгради силикони во градите

Некогаш најголемата ѕвезда на просторите во поранешна СФРЈ, Лепа Брена реши да вгради силикони и да го разубави своето деколте.

1466266-brena-sise-280914-ras-foto-petar-markovic-3

- Брена долго размислуваше за зголемување на градите и неодамна конечно пресече и реши да го направи тоа. Нејзините пријателки ѝ препорачаа лекар во Хрватска. Иако планираше да се оперира во текот на зимата, Брена се предомисли бидејќи ѝ се укажа прилика за престој во Хрватска кога ги скрши рацете. Се консултираше со својот лекар дали може да го направи зафатот и тој ѝ одобри - открива интерен извор.

Пејачката во една прилика изјави дека иако досега немала пластични операции, тоа не значи дека во иднина нема да легне под нож затоа што е сосема нормално како жена да посака да се среди.

- Брена е презадоволно како сè е направено и сега сè почесто го истакнува своето деколте. Не претерала со големината и навистина убаво ѝ стојат. И годи кога овие денови добива комплименти од типот „изгледаш помладо од кога и да е“ - рекол изворот за „Ало!“.

Брена е фотографирана во текот на снимањето на една емисија, каде пејачката блескала во црн корсет во кој нејзиното деколте доминирало.

- Јас навистина не сум имала никакви пластични операции. Но не сум рекла дека нема да имам. По породувањето, кога жената се шири и растегнува, сосема е нормално да се среди - рекла пред една година Брена и очигледно набрзо решила да го промени изгледот.

Коментари

Популарно