ВИДЕО: Нови казни – ако возите брзо ќе си „плукнете“ 500 евра

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на казнените одредби за сообраќајни прекршоци, со предлогот ќе има поригорозни казни за оние кои брзо возат, зборуваат на мобилен телефон и не носат безбедносен појас.

radar500

За тоа што покажа досега спроведената кампањата на министерството за внатрешни и може ли да се очекува дека новата позаострена казнена политика ке ги направи возачите повнимателни во вестите на Канал 5 зборуваше  инспекторот на МВР Иво Најдовски.

-Министерството за внатрешни работи предвидува засилени казни во однос на потешките прекршоци,  изјави Иво Најдовски. Тој предупреди дека заострени казни ќе има за прекршокот надминување на лимитот за брзината дозволен на патиштата.

- За прекршување на брзината од над 50 км на час од дозволеното предвидена е казна од 500 евра во денарска противвредност, потенцираше инспекторот Најдовски.

Целиот разговор со инспекторот на МВР Иво Најдовски и подетални информации за казните во видетото во продолжение.

Коментари

Популарно