ФОТО: Ова е првата македонска дама-пилот

Можноста да бидам прва девојка-полициски пилот во Македонија за мене беше голема мотивација и уште поголем предизвик успешно да ја завршам обуката.

pilot

Ова го изјавила Весна Петреска (25), првата жена пилот  на полициски хеликоптер, пишува Дневник.

-Желбата беше огромна, а успехот бара упорност и посветеност на задачите и работата што се бараат, додала Петреска.

Таа е од Кавадарци, дипломиран студент на Факултет за безбедност, која по завршувањето на 18- месечната обука ќе биде првата дама-пилот на полициски хеликоптер во Македонија. Петреска е единствената од пријавените 59 жени кои ја поминаа селекцијата на конкурсот за ангажирање нови полициски пилоти за потребите на Министерството за внатрешни работи. Во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец од вчера 14 кадети од новата генерација слушатели од родот авијација ја почнаа 18-месечната обука во согласност со највисоките стандарди за потребите на МВР.

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Гордана Јанкулоска, им посакаа успех и многу часови лет на македонското небо на новите кадети, од кои еден е за потребите на Министерството за одбрана, а 12, меѓу кои и Петреска, за потребите на МВР. Еден од кандидатите е од Црна Гора.

Петреска има завршено Факултет за безбедност и вели дека упорноста и посветеноста биле клучни да ја заврши обуката.

pilot1

- Желбата беше огромна, а успехот бара упорност и посветеност на задачите и работата што се бараат. Сакам да се заблагодарам за можноста што ни ја дадоа МВР и Тренинг-центарот и да ги охрабрам сите оние што сакаат да бидат пилоти, пред се', девојките бидејќи нема никакви ограничувања, сите сме еднакви и транспарентни во постапката нема поделби меѓу машки и женски и не се работи само за машка професија, изјавила Петреска.

На конкурсот на МВР за прием на нови извршители во хеликоптерската единица биле пријавени вкупно 466 кандидати. Финалната селекција што почна во јануари ја поминаа 29 мажи од вкупно 407 пријавени. На селекцијата во воздух биле повикани вкупно 34 кандидати, а од нив 5 биле жени. Последната селекција ја поминале 14 кандидати.

- Сакам да се заблагодарам на МВР и на целиот персонал на Тренинг-центарот од името на сите што ја поминавме селекцијата. Селекцијата беше тешка и голем број од кандидатите не пројдоа, но тоа е така бидејќи критериумите сепак беа високи. Оваа работа не е секојдневна и бара голема одговорност од сите оние што имаат желба да ја работат. Овде не станува збор само за пилот на хеликоптер, туку за пилот на полициски хеликоптер, кој извршува потешки задачи од останатите пилоти. Имав голема желба ова да го работам и да и' служам на државата, вели идниот пилот на полициски хеликоптер Адријан Kолиштракоски.

Оваа генерација од МВР е првата која во јануари годинава доби можност да конкурира на јавен оглас за вработување на пилоти на полициски хеликоптер.

- Знам дека не беше лесно да се минат седум фази од процесот на елиминација, но сигурна сум дека високопоставените критериуми ќе бидат гаранција за вашиот успех во обуката што следува. Покажаниот интерес ни укажа на три факти. Првин дека угледот на МВР е во нагорна линија, дека желбата да се биде дел од тимот и да се работи одговорна работа како пилот на полициски хеликоптер е голема и дека кога постои јавно објавен конкурс со претходно дефинирани критериуми, довербата на младите е огромна, изјавила Јанкулоска.

Министерот Јолевски истакнал дека нивна намера е Центарот за обука на пилоти поради современиот пристап на работа да прерасне во еден од најдобрите во Европа и пошироко.

Коментари

Популарно