УЖАС: 12 годишни девојчиња нудат орален секс за бурек и јогурт

Страшна слика на улиците на Нови Сад во Србија. Девојчиња на 12 и 13 годишна возраст се почесто се занимаваат со проституција и за сексуалните услуги бараат 500 динари, а некои од нив оралниот секс го наплаќаат со доручек, поточно бараат од муштеријата да им купи бурек и јогурт.

novi-sad-prostit-01

Девојчиња од Нови Сад, стари одвај 13 години, се` почесто се проституираат и даваат сексуални услуги за неколку стотици динари, велат од новосадската полиција, а според нивните сознанија некои девојчиња за орален секс, бараат од муштериите да им купат бурек и јогурт, пренесува српски „Телеграф“.

Како што пренесуваат од новосадската полиција, тие се немоќни, бидејќи дури и кога ќе ги приведат најмладите проститутки, нема законски основи за да ги задржат.

„Тоа се практично деца од 12 или 13 години, кои би требало да се во основно училиште. Тие работат сами за себе и немаат макро. Затоа често се случува муштеријата да не им плати или дури и да ги претепа. За сексуалните услуги во просек бараат по 500 динари“, велат од полицијата.

„Имавме случај каде што едно девојче го продаваше своето тело за бурек и јогурт, тоа е навистина фрапантно, а исто така имаше и една бремена девојка во седмиот месец од бременоста, која орално ги задоволуваше муштериите за 1.000 динари.“

Коментари

Популарно