Резултати за два дена: дали починатиот странец бил заболен од ебола

Министерството за здравство вечерва ја информираше јавноста дека најрано за два дена ќе биде познато дали странецот кој попладнево почина додека престојувал во хотел во ТЦ Мавровка боледувал од опасната заразна болест ебола.

ebola-lab

- Не може веднаш да се утврди дали државјанинот на Англија боледувал од оваа болест. Можно е да станува збор за хеморадична треска, но дали е тоа поврзано со ебола, ќе се утврди понатаму. Во моментов немаме ниту податоци каде патувал во последните три недели, односно дали престојувал во некоја од ризичните земји. Треба да знаеме и со кои лица контактирал – изјави д-р Јованка Костовска, раководител на сектор за превентивна здравствена заштита во МЗ.

klinika-infektivni-540x320

Докторката вели дека странецот бил во свесна состојба, но за многу кратко време нагло му се влошила општата здравствена состојба и наеднаш починал. Според тоа, првичните сомнежи се дека тој бил заразен од ебола. Податоците ќе бидат готови најрано за 48 часа. Материјалите се испратени во Франкфурт на препорачан начин од Светската здравствена организација. Министерството за надворешни работи на Велика Британија веќе е запознаено со овој случај, а исто така и Светската здравствена организација.

Коментари

Популарно