Металург по стапките на Кометал Ѓорче Петров

Во последниве неколку години станува очигледно колку македонскиот народ е желен за спорт. По дочекот на кошаркарите од Литванија, ракометарите од Србија, Македонија доби и 3 големи на европско ниво клубови. Лани се радувавме на успесите на машката и женската ракометна екипа на Вардар, а веќе две сезони на историските успеси на Металург. Црвено-црните ги залечија нивните рани од болната елиминација од ласнскиот Евроспки првак Флензбург и тргнаа најслилно до сега во нов европски поход, па со три од три се светла точка во македонското секојдневие. Вардарки следниот викенд го започнуваат походот по својата прва европска титула. Засилени, мотивирани, полни желба и амбиции. Но, сосема различа слика имаме во Автокоманда. Македонскиот ракометен шампион тоне, а јавноста, па и новинарите се оставени на шпекулации и чаршиски муабети.

DSC0136_resize2

Три натпревари и исто толку порази, за очаен старт во новата сезона. По првиот пораз од ПСЖ се јави Наум Мојсовски и зборуваше за несогласувањата меѓу играчите и управата, но се надеваше на победа над Мест Брешков. Тоа не се случи! Пораз од Белорусите во речиси полн состав (не настапи само Вугринец ) и заминување на Дарко Станиќ. Трето коло и меч со младта екипа на Загреб и 100% неуспех на Металург. Во меѓувреме на големо се пишува за заминување на Атман во Веспрем, раскинување на договорот со Вугринец и за неисплатени плати на играчите од Мај годинава. Сликата во јавноста е дека Металург тоне, се распаѓа, ќе исчезне. Дали Скопје и Македонија го добиваат вториот Кометал Ѓорче Петров? Ќе останеме ли само со сеќавања за славните денови на клубот од Автокоманда? Овој пат и без пехар кој ќе не потсетува колку некогаш бевме јаки.

Од клубот нема официјално образложување зошто си замина еден од најдобрите 5 голамни во светот. Дали Атман и Вугринец заминуваат или остануваат. Не објаснува никој за што тоа зборуваше Наумче и дали навистина играчите не добиле плата веќе 5-6 месеци. Едната иста изјава по секој меч: Ние сме во фаза на градење и бараме публиката да биде стпрлива! Зарем Станиќ си замина затоа што градите? Зарем трите порази и очајната атмосфера во соблекувалната се резултат на градење?

Сличен, ако не и ист беше третманот на Металург кон своите фанови и македонската јавност и пред почетокот на ланската сезона кога сите сакавме да знаеме што се случува со Станиќ и зошто беа отпуштени неколку квалитетни играчи (Козлина, Ракчевиќ...). Истиот тој Металург кој веќе неколку сезони се преставува како единствениот македонски клуб, бидејќи во истиот настапуваат најмногу македонски репрезентативци, кога треба да одговори на едноставни прашања се затвара и оддалечува од своите фанови. Нема тука близина, нема НИЕ, туку управата на Металург и се останато. Истиот Металург кој е горд на својата публика, горд на преполната Борис Трајковски и фантастичната атмосфера, сега не се наоѓа одгворен на истите тие луѓе кои го носеа на раце до секоја победа да им објасни што се случува во тимот кој тие го сакаат. „Гнездото на лавот“ за кое зборува цела ракометна Европа сега е неважно. Не се важни ни македонските репрезентативци кои играат во Автокомнда. Не се мисли ни на светското првенство во Катар и како оваа ситуација ќе влијае на играчите кои треба да ги бранат боите на Македонија зимово. Нешто друго е во прв план. Некаква стратегија, градење, нов Металург...

Заборава управата на Металург дека клуб не се гради само со пари и стратегија за нови млади играчи. Клуб не значи само силен тим на теренот и фан шопови. Силата на еден клуб не се познава само по бројот на победи, па ни на титули. Големината на клубот се гледа на трибините. Голем клуб не можете да изградите сами, затоа што големината на клубот е во љубовта која ја делите со своите подржувачи. За силен и голем Металург ви требаме ние, колку што и вие ни требате на нас.

Автор Пацифист

Коментари

Популарно