Антиќ ја раскажа својата приказна и откри зошто му замерува на Стефанов

По јавните препукувања помеѓу големите имиња во македонската кошарка, Перо Антиќ и Врбица Стефанов и денешната прес конференција на новиот тренер на МЗТ Скопје, Антиќ реши да објасни каде е проблемот. Кошаркарот во изјава за Курир.мк објаснува зошто почна цела расправа со Стефонов.

pero-antic-2011-9-18-13-0-42

Ова е изјавата во целост:

Перо Антиќ лажел и манипулирал во македонската репресентација со цел да не тренира, не сум ни знаел што значи зборот капитен и слични дегутантни работи што ги изнесе човекот што не се замарал со мојот лик и дело на прес-конференција?! Моите резултати како капитен немам што да ги дискутирам, има видеа на јутјуб од пречекот на мојата репрезентација. Никогаш немам земано денар од репрезентација, сум играл повреден, сум жртвувал многу и не сум имал задни намери да играм за КФМ да ми помагаат во мои матни нерасчистени бизниси.

Си ја напуштил репрезантацијата заради размазеноста на Перо Антиќ?! Ти ја напушти репрезентацијата зошто луѓето од федерација не го ставија твојот другар за тренер на младински категории. Истиот ти не дојде никогаш на ниедна вечера, па пушти видео на јутјуб да се видиш дека само ти не се радуваш на терен.

Не треба ти да ја освестуваш македонската јавност, моето име и презиме си има тежина .Јас патам за медиумско внимание што си пишувам на мој профил на социјална мрежа што сакам, а ти на свикан прес пола саат ме плукаш!? Ништо не ти држи вода, со среќа на новото работно место и сконцентрирај се на него.

Јас секогаш во секое интервју мое ја истакнувам почитта спрема постарите, на секој Македонец млад играч сум направил се да му помогнам и за секого кој ми барале мислење сум кажувал се’ најдобро.Жал ми е што не можеш да го кажеш истото за себе. Јас ја завршувам шпанскава серија тука, тебе нека ти смислат твоите другари новинари што е следно после прес, секоја следна дискусија ќе ја префрлиме во други институции.

И за розевите исфарбани чорапи ке ти одговорев и за твојата способност како спортски директор на репрезентација, ама не сакам да вовлекувам други луѓе спрема кои имам полна почит. Не си ти наивен и не си станал играч од луѓе како мене, јас сум станал дежурен кривец од лицемерни ликови како тебе.

Поздрав голем тренеру

Коментари

Популарно