Убиецот на пекарот од Македонија го призна делото: Еве зошто го убил!

40-годишниот Небојша, убиецот на пекарот од Македонија се изживувал врз жртвата. Како што пренесува српскиот АЛо, тој во полицијата признал дека го направил грозоморното дело. Убиецот признал дека повеќе од 10 пати го прободел со нож Слободан Стојановски откако се скарале за работата.

fb-stranat

Обдукцијата покажа дека Стојановски бил боден во градите и грбот. Повреди на рацете немало бидејќи најверојатно не стигнал ни да се одбрани од канџите на убиецот. Не се исклучува можноста и првата убодна рана да била смртоносна. Обвинетито од порано и е познат на полицијата како сторител на кривични дела. Оние кои го познаваат велат дка бил агресивен, постојано се расправал и често менувал работни места.

Коментари

Популарно