Ѓоковиќ стана татко - доби син!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ стана татко. Јелена Ристиќ денеска роди момче. Ѓоковиќ на крајот на април најави дека ќе стане татко.

nole-stana-tatko-jelena-rodi-sin-187306

Новак и Јелена ја започнаа својата врска во 2006 година, а три години подоцна почнаа да живеат заедно во резиденцијата во Монте Карло.

Ноле минатата година се вери со својата долгогодишна девојка, а свадбата беше на Сфети Стефан на 10 јули оваа година.

Ноле неколку месеци е во брак, кој од денес е побогат за уште еден член - нивниот син за кој името се уште не е објавено.

Коментари

Популарно