Најчести повреди при секс и каде се случуваат

Сексот  е физичка активност во која се достинува најголемо задоволство, но може да тргне и на лошо. Од таа причина сајтот Meetville ги истражувал сексуалните навики на своите корисници, за да дознае кои се најчестите повреди при сексот, колку се чести и каде точно се случуваат.

ff3d76718abe2e8453cd099f453c18e2

Изненадувачки или не, повредите најчесто се случуваат при сексуален однос на кауч (?!), а потоа следат скалите и автомобилот. Интересно, сексот во тоалет се нашол дури на десето место на листата „агли“ во кои најчесто се повредуваме при сексот.

Најголемиот проблем со повредите при сексот е тоа што во моментот на повредата, личноста не чувствува болка. „Во текот на сексот, се лачи доста ендорфин, хормонот на среќа, кој на телото делува слично како морфиум. Затоа, ако се наоѓате во поза која и не ви е баш удобна, тоа нема ни да го почувствувате затоа што ендорфинот струи во вашето тело и го намалува чувството на болка“, вели фитнес инструкторот др. Кевин Џардин. Токму поради тоа, околу 40% од луѓето кои се повредуваат, тоа го забележуваат дури утредента.

Нормално е понекогаш да сакате да пробате некоја нова поза или да бидете малку покреативни во односот, но потрудете се внимателно да го одберете местото за „акција“, за да избегнете евентуални последици.

Имајте на ум дека тоа што сексот на невообичаени места изгледа неверојатно секси во филмовите или порно филмовите, не значи дека е лесно „за исполнување“ во реалноста – односно, може да остави болни последици.

Коментари

Популарно