Од денеска дожд....

esen21Денеска е среда, 12 ноември, 316-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 49 дена.

Денот трае девет часа и 59 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 18 минути, а заоѓа во 16 часот и 17 минути.

Месечината заоѓа во 10 часот и 53 минути и повторно изгрева во 21 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје утре слично време, претежно облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Утре и во петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во четврток. Температурите ќе бидат без позначителна промена.

Коментари

Популарно