Работнички останува во прва лига, но некој мора да одговара

Работнички и понатаму е член на кошаркарската елита. Арбитражната комисија при Македонската кошаркарска федерација реши да ја укине одлуката на комесарот за натпреварување, Бобан Јосифовски, за преселба на „центарци“ во Третата лига.

rabo

Предметот, односно прекинот на вечното дерби на 14-кратниот шампион со МЗТ Скопје од пред една недела во „Градски парк“, е вратен на повторно решавање и тоа поради еден куп пропусти и нелогичности во првичната одлука. Се очекува комесарот Јосифовски утре да донесе нова одлука, која, неофицијално ќе биде помалку драстична односно нема да предвидува исклучување од елитата и преселба во најнизок ранг.

Коментари

Популарно