Медиа-бранч и изострување на сетилата: запознавање на специфичните вински мириси со Камник во Бар Форца!

За време на третата седмица од новиот концепт Бар Форца нарачен “Винарија во Фокус“, како една од најценетите и најнаградувани македонски винарии, Винаријата Камник ќе е почесен домаќин и истовремено ќе овозможи претсавување на своите вина пред гостите.

forza

Денеска во рамките на овој концепт на Бар Форца, се одржа и третата работилница и медиа-бранч. За време на настанот присутните претставници на медиумите имаа можност да дегустираат и некои од префинетите вина на винаријата Камник во комбинација со вкусно приготвена храна. Притоа, едукативниот карактер на настанот беше заокружен со претставување на винските мириси од стрна на винаријата Камник преку типични издвоени примероци на ароми наменети за едукација.

forza1

Винаријата Камник се вклучува во новиот вински концепт на Бар Форца кој придонесува да се издигне на повисока скала винска култура и свест во Република Македонија. Дел од тоа искуство е и винската дегустација која на специфичен и уникатен начин ги изострува сетилата на присутните, преку идентификување и препознавање на специфичните мириси.

forza3

Во петок (14.11.2014) ќе започне првата винска едукативна вечер со Винарија Камник, така што сите заинтерсирани ќе имаат можност да научат нешто ново и да го продлабочат своето знаење за структурата на белите и црвени вина, за винските мириси, нивните разновидни вкусови и различните фактори кои влијаат на сетилото за мирис препознавањто на специфичните ароми на понудените вина за конзумирање.

forza2

За време на овој викенд, сите посетители во Бар Форца ќе имаат можност да ги пробаат вкусните деликатеси во склоп на понудените оброк-пакети заедно со специјално намалените цени на вината на винаријата Камник, црвеното Ten Barrels Syrah 2010 со комплексна арома и белото Тemjanika Premium 2013 со дискретни зачински поттонови.

Коментари

Популарно