Дожд и топло време, промена на времето во...

6247807060_52e65612ec_zДенеска е четврток, 13 ноември, 317-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 48 дена.

Денот трае девет часа и 57 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 19 минути, а заоѓа во 16 часот и 16 минути.

Месечината заоѓа во 11 часот и 29 минути и повторно изгрева во 22 часот и 15 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

Коментари

Популарно