Акција на МВР - Победата на Кајмаковски била наместена!?

Голема акција спроведе полицијата веднаш по завршувањето на Скопскиот фестивал, кој се одржа вчера вечерта, дознава Press24 од полициски извори. trojcata500   Според нашиот извор, веднаш по завршувањето на фестивалот, полицијата по претходни сомнежи за можна измама и местење на фестивалот извршила претреси во повеќе објекти при што се откриени гнезда со сим картички и луѓе за кои постои сомневање дека кои го местеле телевоутингот. Повеќе лица се повикани на разговор во полициска станица, а меѓу нив според нашите информации има и јавни личности. Од МВР го потврдуваат случајот но повеќе детали најавуваат за подоцна. Извор - Press24

Коментари

Популарно