Работнички останува во прва лига, но има суспензии за Докузовски, Србиновски и Геровски

Арбитражната комисија го врати овој случај на повторно разгледување кај Јосифовски откако одлучи дека во првата негова одлуката имало пропусти, по што тој попладнево донесе нова и конечна одлука, со која најтрофејниот кошаркарки колектив во Македонија, Работнички (14 шампионски титули и 8 Куп трофеи) го задржува статусот Прволигаш.

rabotnicki

Според истата, клубот нема да заработи казна како што беше првичната одлука со префрлување во најнизок ранг на натпреварување, но дисциплинска постапка ќе биде поведена против Марин Докузовски, Марјан Србиновски и Горан Геровски.

Работнички ќе добие казна од еден натпревар играње без публика и губење со службен резултат на средбата со МЗТ Скопје.

Двата клуба добија и парични казни, а суспензија на четири натпревари доби и делегатот Баже Поповски.

Оваа одлука доаѓа по враќањето на предметот кај Комесарот од Арбитражната комисија и само еден ден откако самиот Јосифовски изјави дека само клубовите можат да донесат одлука за останување на Работнички во Првата лига.

Коментари

Популарно