И лошиот секс е добро искуство

Лошиот секс е добро искуство - иронична, но сепак вистинита реченица која доколку ја анализирате ќе сфатите за што станува збор. Доколку ве мрзи да го направите тоа, ова е кратко појаснување кое ќе ви даде јасна перцепција зошто сексот со вашите бивши партнери иако бил лош, делувал позитивно на вас.

hitportal-seks9

- Тој што се срамел од своето тело ве научил дека треба да го сакате вашето тело и да бидете храбри да го покажувате пред партнерот иако не е совршено. На крајот од краиштата никој не е совршен, но тоа не мора да ве спречи да имате совршен секс.

- Тој што не знаел за пози и внимавање на детали за време на сексот, ве научил дека деталите понекогаш се многу важни, а позите мора да се менуваат доколку не сакате монотон секс.

- Тој што ви укажувал на недостатоците за време на секс, ве научил дека секогаш може да станете подобри од тоа што сте, независно дали во кревет или во некоја друга област од животот.

- Тој што не ве сакал, а имал секс со вас, ве научил дека љубовта нема врска со сексот.

- Тој што не ве задоволувал доволно и гледал само да ја задоволи својата страст, ве научил дека обостраното задоволство е неопходно.

895329

- Тој што имал „само секс“ со вас, ве научил како да ја воочувате разликата помеѓу сексот и водењето на љубов.

- Тој што ве натерал да експериментирате со разни играчки за време на секс, ве научил дека понекогаш е интересно да се испробаат нови работи во сексот, како и во животот.

- Тој што бил ваш прв сексуален партнер, ве научил дека не треба прерано да донесувате одлуки и да кажете да, доколку вашето срце кажува не.

- И за крај, партнерот со кој сте имале најлош секс досега ве научил дека добриот секс е пресуден за една успешна врска.

Коментари

Популарно