Деветгодишно девојче ги трогна сите со она што го направи за болната другарка

Камрин Ренфро е деветгодишно девојче кое си ја избричило главата како подршка кон другарката која е болна од рак, а се соочи со учлишна суспензија.

kamrin

Со подршка од родителите, Камрин се откажала од косата за да и покаже на другарката Дилејни Клеменс (11) дека не е сама. Косата на Дилејни почнала да и паѓа кога таа почнала со хемотерапија, а сега е целосно ќелава.

„Го направив тоа за Дилејни да не се чувствува запоставено. Сметав дека мојата одлука е исправна.“ – изјавува Камрин за Си–Би–Ес.

Меѓутоа, управата на училиштето не се согласило со неа. Девојчето било суспендирано со образложение дека „ги прекршила правилата“. Приказната за другарката почнала да се шири низ социјалните мрежи, а корисниците на интернет ја осудиле одлуката на училиштето. Набрзо потоа, на родителите на Камрин Ренфро им било кажано дека ќе се направи исклучок и дека нивната ќерка може да се врати на часови.

„Другите деца ми се обраќаа како на машко дури и кога бев облечена во розева боја. Мило ми е што Камрин ме подржува и што е толку храбра, затоа што сега помалку ме задеваат.“ – рече Дилејни.

Коментари

Популарно