Вака се однесува скопска „сељанка“ кога ќе се пресели во Белград!

Пред неколку дена на YouTube се појави видео, од за мене непозната македонска манекенка која во сред Белград зборуваше чуден Српски. Девојчето „желеше“ кога Белград гледа убави работи, па убаво ме насмеа и мислев дека тука заврши се. Но, малата денеска ме изненади со жестока критика кон сите македонски новинари и пола Македонија. Не дека се најдов погоден, ама денот ми е таков, не ми се пишува на сериозни теми.

Untitled

Во една- две страни текст на својот фејсбук профил манекенката плукаше, ругаше, лажеше и покажа завидно ниво на СНОБ. Најпрво се самопрогласи за македонски Топ-модел, за да следи големо изненадување. Таа специјализира фармација во Белград! Па добро, ќе го разберев сериозниов српски јазик со кој располага, ако никогаш не била во Србија, ама да си постојано во Белград, а да поседуваш „свој“ српски е веќе успех. За тоа треба труд или сериозно низок IQ. Уште си кажа и дека на лекторот на Пинк3 му се допаднал нејзиниот српски. Па убаво и рекол човекот, „нејзиниот српски“.

Ова е смешниот дел, типичен за едно скопско татино девојче кое од мало е разгалено и научено дека секогаш е најубаво и секогаш е во право. Но, во следниот дел таа ги навреди не само новинарите туку и половина Македонија. Искочија на виделина стереотипите на скопската „принцеза“ па се расплука по сите кои користат градски превоз за да стигнат на работа. Ги навреди жителите на Злетово, Батинци и Македонска Каменица. Очигледно за ова не е таа крива, туку домашното воспитување, кое секако било многу промашено. Па еве, бесплатно од мене една лекција по фино однесување. Ако некој си земе за право да користи стереотипи за сите оние кои се возат со автобус и да ги квалификува како класа или неколку пониско од себе, тогаш истиот треба да ги прифати и стереотипите за класта во која тој/таа е. Значи ако ти мислиш дека си подобра од другите затоа што не се возиш во ЈСП, тогаш прифаќаш дека „Топ Манекенките“ се само елитни проститутки и својата кариера ја градат продавајќи се за секс со познати менџаери од модниот бизнис, тоа е твојот стереотип за твојата професија. Ако е тоа твојата приказна малецка, тогаш го разбирам твојот профи српски и твојата специјализација во Белград.

Непознатава, ама Топ манекенка уште имаше храброст да се повика на извештајот на Европската комисија за Макдонија и негативните коментари за македонското новинарство. И како што секогаш бива, така и овој пат. И кажал некој нешто, слушнала на маса у кафана, се вртел муабет, ама не го доразбрала. Значи точно е дека Брисел има замерки за новинарството во Македонија, но тие замерки не се насочени кон новинарите, туку кон државата. Не се работи за корумпирани новинари, туку за слобода во новинарство. Слобода која државата и само државата е должна да им ја обезбеди на новинарите. Значи не се работи за корупција, туку за пречки во работењето од страна на државата. Така вели Брисел. Од друга страна на почетокот на своето назеборавно излагање, „модернава принцеза“ раскажува како шетала новинари по Европа за да пишуваат убаво за неа! Тоа не е корупција? Истата таа која плаќала и учествувала, а можеби и била организатор на корупција сега обвинува за истото затоа што не и се допаднал текстот за неа?

Принцезо, мене не си ме носела во Виена, ниту на концерти, Љубљана, Белград.... немам ни желба да се дружам, приватно или професионално со лик ко што си ти. Јас не сум корумпиран, ниту пак те мразам. За тебе не чуствувам ништо, освен срам што си Македонка.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно