Кој ги организираше протестите? Студентите или СДСМ?

Немам навика два пати да пишувам на иста тема, но овој пат морам да ги прекршам моите принципи и повторно да го ставам на хартија своето мислење за студентските протести. Првиот пат пишував за тоа дали треба да има државен или екстерен тест за сите студенти во државава, но денеска тоа прашање ќе им го оставам на студентите и Владата. Нема да се осврнам ни на главната тема денеска по речиси сите медиуми, колку студенти броеше протестот. Без разлика колкава е точната бројка, сите ќе се сложиме дека студенти имаше доволно. Единствено ќе се повторам во пофалбата до студентите за мирниот протест, без инциденти. Студентите уште еднаш покажаа дека и во Македонија е можно да се искаже својот став на овој начин, преку мирни протести, но сето тоа падна во втор план. Ретко кој денеска зборува за барањата на студентите и нивниот став кон државниот испит. Причина за тоа е политиката.

Protesti-studenti-2-Custom

Главното прашање денеска е дали студентитеи самоволно го организираа протестот или СДСМ стои зад истиот. Опции има две, но двете се погубни за студентите и нивната битка.

1. СДСМ го организирал протестот.

Во овој случај воопшто нема зошто да се разговара со студентите. Тие се само пиони на старите познати играчи кои начекаа добар момент и осетлива тема за да го свртат вниманието врз себе. Ако господата од Бихачка се организатори, тогаш тие треба да седнат на преговори со Владата, а не студентите. Академската младина ќе го добие третманот кој го заслужува, обични марионети во политичката претстава.

2. СДСМ не го организирал протетсот.

Во овој случај, резултатот е уште полош за студентите, бидејќи исходот е ист, разликата е во тоа што овој пат тие вложиле труд. Сакале и го кажале својот глас, но некој им ја украде славата и ја девалвираше нивата битка. Од легитимна борба на интелектулно ниво спроведена преку мирни протести на студентите, добивме политичка битка за неколку поени на веќе „исфиркани“ фаци. Студентите не беа спремни за ова. Тие не знаеа дека не се „борат“ само против власта, туку и против опозицијата и изгореа во обидот. Им треба нова тактика, но и слух на владата и помош од медиумите. Ако некоја од овие точки недостасува ќе се случи исото што и со протестите пред неколку години за убиеното дете на плоштадот во Скопје. Протести имаше, народот бараше правда, но опозицијата се појави и ги украде. Резултат -0 .

Веќе неколку години слушам едно исто прашање од „бомбашите“ од Бихачка: Како е можно опозицијата да е виновна за ситуацијата во Македонија? Ете како. Земате нешто што не е ваше. Го крадете, се сликате со него и го фрлате. Наместо во државните институции, за каде сте избрани, се шетата по улица за да фалите со туѓ труд, со намера да покажате дека вие сте дел од народот. Народот не ве прати на улица, народот не ве избрка од собрание, не ви даде дозвола да го крадете она што не е ваше! Напразно се трудите да се прикажее како спасувачи, кога на сите ни е јасно дека апсолутно не ви е гајле за студентите и државниот испит. Ги сакате вашите стари фотељи назад, но се изгубивте во сопствениот лавиринт на патотот кон нив.

Се надевам дека Владата и покрај денешните фотки на „бомбашите“ помеѓу студентите, сериозно ќе ги сфати барањата на студентите и во нив ќе види парнтер за преговори околу (не)спроведување на државниот испит. Се надевам дека и тие ќе поминат преку оваа глупост на СДСМ и нема да бидат неми на гласот на интелектуалната иднина на Македонија.Дека барем тие нема да го девалвираат трудот и организацијата на овие млади луѓе.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно