Згодната водителка откри какви машки и се слабост

Згодната водителка Марија Килибарда, која моментално е актуелна во шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа својот приватен живот и љубовните врски да ги сокрие далеку од очите на јавноста. Секогаш се пишува за нејзините професионални успеси и останува далеку од големите скандали.

79289

Во интервјуто за еден српски магазин вели дека на новинарите не им оставила баш многу можности за да ја спојуваат со некој, но откри какви мажи сака и дека нејзините 182 сантиметри не прават висината на партнерот да и биде пресудна.

Важни ми се карактерот и личноста, а не висината. Надмени, пасивни, неверни, нестабилни мажи, тие кои не се ведри и позитивни кај мене немаат баш никакви шанси. Не сакам мрачни типови, со нив не можам да се дружам, како и со оние што се несигурни, бидејќи тие комплекси никогаш не се задржуваат во нив, туку се одразуваат и на нивниот однос со другите. Не би можела да бидам ниту со маж кој не е семеен човек, изјави Марија.

Коментари

Популарно