Димензии на вагина: Што е големо, а што мало?

Вечно се зборува за големинат на машкиот полов орган, но и кај жените има мали и големи вагине. Оваа се пропорциите:

zhivoten-ciklus-na-vaginata-207284

Вагинален канал

Вагината е еден вид на мускул, која како и сите останати мускули од нашето тело се стега и опушта. Опуштањето може да биде последица на породување или недостаток на вежби, па како ефикасно сретство за зајакнување на нејзината еластичност се препорачуваат Кегеловите вежби.

Во текот на сексот вагината се шири, а бројот на сексуални односи, иако многумина веруваат дека влијае на нејзината големина, нема таков ефект. Една студија, во која учествувале околу 200 жени покажала дека вагиналниот канал во просек е долг 9.6 сантиметра, а неговата широчина изнесува од два ипол до три ипол сантиметра.

Големи усни

Надворешниот дел на вагината, кој ги опкружува малите усни, просечно е долг околу 8.1 сантиметар, но нивната должина може да изнесува од 4.5 до 11.5 сантиметра. Нивната должина не е во врска со големината на самата вагина, а во текот на годините таа се намалува.

Мали усни

Внатрешните усни, кои го опкружуваат самиот отвор на вагината, може да имаат различна широчина на левата и десната страна. Левата мала усна е широка околу два сантиметра, а десната е околу еден сантиметар и девет милиметра. Просечната должина на левата страна изнесува четири сантиметра, а просечната должина на десната страна е околу три сантиметри и осум милиметри.

Клиторис

Просечната широчина на клиторисот е околу 0.8 сантиметра, а просечната должина се движи од два милиметра до два ипол сантиметра. Големината на клиторисот нема никакво влијание на интензитетот на задоволството.

Коментари

Популарно