Врнежи од дожд и снег

dozd-640x320Денеска е среда, 28 јануари, 28-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 337 дена.

Денот трае девет часа и 51 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 51 минути, а заоѓа во 16 часот и 42 минути.

Месечината изгрева во еден часот и две минути и повторно изгрева во 11 часот и 35 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Преку денот ќе има услови за проврнување на дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за провејување слаб дожд и снег, особено во вечерните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.

Коментари

Популарно