Нови детали за убиството на манекенката од Србија

Манекенката од српско потекло Мирјана  Пухар  ја отворила вратата на својот дом, откако две лица заѕвониле. Тие ја застрелалево глава, а потоа влегле во куќата и  ги застрелале другите,  покажуваат податоците од истрагата на тројното убиство во американскиот град Шарлот, соопштува “Дејли Меил”.

20150228.saomylmfys

Се претпоставува дека делото е сторено поради грабеж. Во домот се откриени седум полнења  со муниција за 9-милиметарски пиштол, два ножа, дрога, пари  и неколку мобилни телефони, што ги тера полицајците да веруваат дека станот бил депо за дрога. Од полицијата потврдија дека убиството е поврзано со дрога и во моментов го испитуваат минатото на цимерите на српската манекенка. 23-годишниот Алварадо е застрелан исто во главата. Тој и 19-годишната манекенка биле заедно од пред  6 месеци. Гарсија вториот цимер  е исто застрелан во   главата.  Таткото на Алварадо инсистира дека станува збор само за грабеж, бидејќи 10 пара брендирани патики на неговиот син биле украдени. Џејмс Џексон смета уште дека стрелец – 19-годишниот Емануел Хесус Рангел, бил заведен дека во домот има многу пари, бидејќи пред само една недела Алварадо броел 1.500 долари кеш на таткото на Рангел, кој продавал автомобили. Рангел повикал свој пријател, а можеби и уште една жена, за да го ограбат  Алварадо. Во станот, сепак, имало само 140 долари.

Стотици луѓе изразија  жалење на Фејсбук за смртта на Србинката. Мирјана  стана популарна по учеството во реалното шоу “Следниот топ модел на Америка”.

Коментари

Популарно