Принцот Чарлс бесен - не му даваат да го види внукот

Британскиот принц Чарлс е затечен од фактот дека има споредна улога во животот на неговиот двегодишен внук , принцот Џорџ. Кога во 2013 година се роди малиот принц, 66-годишниот Чарлс изјавил дека моментот кога станал дедо е неповторливо чувство во животот на еден човек.

Princ Charls

Меѓутоа речиси две години подоцна од ова јавна изјава, принцот Чарлс не може да се помири со фактот дека има целосно споредна улога во животот на својот внук. Во средиштето на фрустрациите на Чарлс е таканаречената „мидлстонизација“ врз животот на неговиот наследник. Имено тој смета дека неговиот 32-годишен син Вилијам поминува повеќе време со семејството на својата сопруга Кејт Мидлтон, со која неодамна го прославија 60-от роденден на нејзината мајка Керол на егзотичниот Мистик.

Princ Charls3

Уште повеќе Чарлс е бесен поради оваа ситуација која ја нарекол „Маршот на Мидлтонови“, и неодамна им се пожалил на пријателите:

- Не ми даваат да го гледам внукот.. Керол го води главниот збор, одредувајќи кога Џорџ спие, кога и што ќе јаде. Се однесува како да е кралицата Керол - изјавил пријателот за Чарлс, пренесува британски „Дејли меил“.

Princ Charls2

Вистината е дека Чарлс на неговиот имот во Глосетсшир го посетил Вилијам со семејството, само неколку пати во изминатата година. Многумина сметаат дека токму на тој начин Вилијам сака да го заштити својот син од несреќното растење и строгото воспитување какво што го имал тој.

Од друга страна пак, семејството Мидлтон постаојано е на имотот во Норфолк, каде живее нивната ќерка Кејт со семејството. Таму престојувале за Божиќните празници, кога Вилијам со нив готвел, наместо да биде со кралицата Елизабета на традиционалниот божиќен ручек.

Princ Charls4

А минатиот месец, градинарот и домарката добиле отказ од Кејт и Вилијам по само пет месеци работа.

- Персоналот се жалел дека имотот изгледал како било која друга куќа на семејство од средната класа, а не наилкувала како на куќа во која живее кралско семејство - открил изворот.

Во прилог на целата приказна оди и изјавата на портпаролот на имотот на ЧАрлс, кој на прашањето кога престолонаследникот последен пат го видел својот внук издал официјално соопштение:

- Не сакаме да ги коментираме приватните прашања. Неговото кралско височество ужива во одличниот однос со својот внук.

Коментари

Популарно