Фото: Повеќе не е важно која боја е фустанот - пораката е јасна

После светската дебата дали фустанот е сино-црн или бело-златен, после откритието дека првата опција е одговорот, а потоа и сознанието дека модната куќа, производител на фустанот, има модел и во другата комбинација, најчудната приказна на интернет доби свое продолжение. Овој пат нема никаква мистерија, пораката е јасна – да се запре насилството врз жените.

01-black-and-bluegr-5_0-1-630x241

„Зошто е толку тешко да се види дека е црно-сина? Единствената илузија која постои е дека ова е нејзин избор. Една од шест жени е жртва на насилство. Запрете го насилството врз жените“, гласи пораката на организацијата „Salvation Army“, која ја поведе кампањата против семејно насилство. Со изборот на светски најпознатиот фустан за својата кампања, организацијата направи одличен потег, моментално ретко што и ретко кој може да привлече толку внимание како овој двобоен фустан.

02-fustan-bel-zlaten-78-0-image-a-32_1425001827044

„Roman Originals“ го дале златно-белиот фустан на добротворна аукција која ќе потрае до недела. Хуманитарните акции кои ги подигна овој фустан се најпозитивната работа од целата мистерија. Во Велика Британија секоја недела една жена страда како жртва на семејно насилство. Кампањите против злоставување на жените во оваа земја растат од ден во ден, а нивната цел е сите да сфатат колку многу можат да направат во спречување на насилството. Доволно е секој насилен чин да го гледаат како негативна појава, да одреагираат на него и да го пријават насилството.

Коментари

Популарно