Членови на СДСМ го нападнале Амди Бајрам во ГТЦ?

Лидерот на сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево пријавил во полиција дека бил нападнат во Градскиот трговски центар во Скопје.

amdi-bajram-golema

Бајрам тврди дека напаѓачите биле луѓе на СДСМ.

Од МВР потврдуваат дека добиле таква пријава, но велат дека увидот е се уште во тек и дека е рано да излегуваат со било какви квалификации за пријавата.

Неофицијално дознаваме дека е извршен разговор со пријавениот и претрес во неговиот автомобил, при што се пронајдени еден панцир елек и телескопски пендрек.

Коментари

Популарно