Дожд и снег и денеска, поубао време од...

SONY DSCДенеска е четврток, 12 март, 71-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 294 дена.

Денот трае 11 часа и 42 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 53 минути, а заоѓа во 17 часот и 35 минути.

Месечината ќе зајде во девет часот и 25 минути, а нема да изгрее во ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните два дена ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, на планините со локален слаб снег. Потоа ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Коментари

Популарно