ВИДЕО: Плати го своето кафе со поезија!

На Светскиот ден на поезијата, 21 март, граѓаните покажаа дека го сакаат кафето и уживаат во него. Оваа идеја на Јулиус Мајнл беше одлично прифатена од сите Скопјани и дефинитвно ќе прерасне во традиција. Аромите на кафето беа причина плус за големиот број собрани хартии кои беа полни со креативност, љубов и среќа. Настан кој наиде на воодушевување од сите љубители на кафето кои беа инспирирани токму од него. По повод Светскиот ден на поезијата, оваа акција, Плати Кафе со Поезија беше поздравувана од граѓаните и привлече големо внимание. На трите локации, „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, се собраа повеќе од 600-тини поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.

Коментари

Популарно