ФОТО: Зошто Путин овој град го затворил за јавност?

Во овој руски град никој не смее да зачекори, а многумина негодуваат за тоа што се крие во него. Мистериозната населба е особено интересна за Американците.

zabranetiot-grad-na-putin-ova-mesto-amerikancite-ne-mozhat-ni-da-go-pomirisaat-247022

Межгорје е град во Русија кој со години претставува голема тајна и поради тоа е затворен за посетители. Овде живеат луѓето кои се вработени на мистериозниот врв Јамантау на надморска височина од 1.640 метра на Урал. Овој град е основан во 1979-тата година, а низа од различни околности во последните три децении го ставија под сенка на мистериозноста.

grad-1.jpg-500

Сателитските снимки покажуваат дека на оваа локација под земја се наоѓа огромен нуклеарен објект или бункер. Тој е изграден во времето на мандатот на рускиот претседател Борис Јелцин. Над бункерот се изградени касарни за два воени гарнизона “Белорек 15″ и “Белорек 16″.

Американската влада веќе со години ги предупредува руските власти да откријат што се случува на таа планина, затоа што сметаат дека се работи за нуклеарна централа.

grad-2.jpg-500

Русите на прашањата поставени од страна на САД даваат и различни одговори. Меѓу објаснувањата се најдоа и оправдувања дека се работи за рудник, магацин за храна, ризница на руско богатство, објекти за заштита на луѓе, но и образложенија дека ова е бункер за раководството во случај на нуклеарна војна.

Коментари

Популарно