Утре најтоплиот ден годинава - за Велигден дожд

Повремен дожд во попладневните часови во текот на денешниот ден најавуваат метеоролозите. Максималните температури денеска ќе надминат 12 степени.

267865

Во текот на утрешниот ден се очекуваат највисоките температури оваа недела. Се најавува сончево време со температури кои во некои делови од земјата ќе надминат 20 степени, а утринските нема да се спуштат под 7 степени. Во среда не очекуваат пониски температури. Разведрувањето ќе донесе посвежо време па утринските температури ќе се спуштат до 1 степен а максималните дневни нема да надминат 12 степени. Таквото време ќе се задржи и во четврток и петок, додека за викендот се очекува наоблачување и температури до 15 степени но не се очекува дожд.

Од почетокот на наредната недела повторно се најавуваат негативни утрински температури и наоблачување кое ќе донесе врнежи за време на велигденските празници.

Коментари

Популарно