ВИДЕО: Ова е реакцијата на играч кој загуби 1 милион долари на покер

Покерот бара многу знаење, студен поглед, контрола на емоции, но и среќа. Погледнете што му се случи на овој играч со два аса во рака. Untitled Конор Дринен и Кери Кац учествуваа во најголемаиот покер турнир во светот, "Светската покер серија" во Лас Вегас. Конор и Кери сметале дека победата е нивна, но секој знае дека една карта во покер може да смени сè, а овој пат токму тоа му се случи на Конор. Ова е навистина редок настан со голем влог пари, но очигледно луѓето сакаат да ја поделат возбудата на играчите, и да видат како изгледа човек кој тукушто загубил милион долари... па уште првиот ден овој настан имал дури 5 милиони посети и прегледи на YouTube.

Коментари

Популарно