Нападот на полицијата во Гошинце најава за војна во Македонија слична на онаа во 2001?

Пред нешто повеќе од два месеца напишав текст под наслов: „Балканот се тресе – Македонија влегува во војна?!“

Истиот текст денеска повторно беше објавен на Засе.мк. Причината веќе позната, нападот на полициската станица во село Гошинце рано утрово. Од тука се чувствувам повикан да ги искоментирам и денешните случувања.

policija-11-520x357

Бидејќи и првиот текст на темата го пишував со набројување на факти, еве ќе останам доследен.

1.Факт е дека Македонската гранична полиција утрово била нападната од 40тина вооружени засега непознати лица.

2.Факт е дека ваков напад е сериозен чин и никако не смее да се користи за дневно политички цели.

3.Факт е дека колку и да(не)потсетува сево ова на 2001 година, има една голема разлика, ТОГАШ ЗНАЕВМЕ КОЈ НЕ НАПАДНА. Денеска различни медиум пренесуваат изјави на различни „стручњаци“ кои даваат контрадикторни изјави. За едните јасен нарачател на нападот на суверенитетот на Македонија се Сорос и Заев, додека за другите ова е исцениран настан од страна на Владата на РМ. Речиси никој не го сфаќа сериозно самиот чин! Замислете ова да се случи во западна држава, еве да речеме Франција. Дали можете да замислите како во Франција главна расправа е кој го нарачал? Без аргументи и докази едните ги напаѓаат другите и никој не ги поставува вистинските прашања. Никој, ама апсолутно никој не нуди одговори, а сите напаѓаат без прекин.

4.Факт е дека освен медиумите и народот почна да се однесува исто. Ако си од едните, тврдиш, знаеш дека ова е дело на другите и обратно. Од каде знаеш и зошто си сигурен, останува тајна за сите други, а најверојатно и за тебе.

5. Факт е дека никој не сака да слуша факти. Небитни се. Вистината е изгубена вредност. Ма не е ни вредност.

6.Факт е дека кај нас и спинот, почна да се спинува.

7.Факт е дека ова е само почеток од едно подолго црно сценарио во кое сите ние сме само колатерална штета. Иако дел од нас сметаат дека ќе ја изберат вистинската страна и дека на крајот ќе го делат колачот со победникот, се уште не сфатиле дека тие се колачот.

Се додека се делиме на црни и бели, црвени и плави, богати и сиромашни, христијани и муслимани, предавници и патриоти... се додека личниот профит ни е поважен од вистината, а патриотизмот се продава за грст сребреници, не е важно кој е противникот. СЕКАКО ЌЕ НЕ ПОБЕДИ!

За крај би сакал да им изразам сочувство на 4 припадници на пограничната полиција кои биле директни жртви на нападот. Се надевам дека истиот нема да остави последеци врз нив и дека веќе никогаш нема да бидат изложени на нешто слично.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно