Воспитувачка заборави тригодишно девојче во виенското метро

Воспитувачка забoравила тригодишнодевојче на станица од виенското метро. Минувачите за среќа го забележале расплаканото девојче како лута по станицата и веднаш повикале полиција по што девојчето e однесено во полициска станица.

metro-viena

По претпладневниот излет на кој воспитувачките ги повеле децата, околу пладне тргнале назад во градинката. Во Флоридсдорф слегле во метро страницата Ноје Донау за да ја фатат линијата број 6 од метрото. При влегувањето во возот девојчето најверојатно заостанало и возот тргнал, а воспитувачката не забележала дека едно дете од групата и недостасува. Детето само стоело на перонот и благодарение на брзата реакција на граѓаните кои навреме го виделе изгубеното дете и е спречена трагедија зошто девојчето стоело на самиот раб од перонот и многу близу до шините.

Дури по еден час воспитувачката при броење на децата забележала дека и фали тригодишното девојче. Веднаш повикала полиција. Од таму и јавиле дека девојчето и добро и на сигурно и дека можат да ја земат од полициската станица во Донауфелдерштрасе. Персоналот од градинката веднаш потоа го презеле детето.

-Точно е дека девојчето е заборавено во метро, но за среќа се добро се заврши, велат од полицијата.

Коментари

Популарно