Видео: Го гаѓала претседателот со манго, па тој и доделил стан

Една жена го погодила претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во главата со манго, но неговата реакција била неочекувана. Имено, претседателот возел автобус низ маса луѓе во централниот дел Арагва. Одеднаш, жена по име Марлени Оливио, го погодила со манго по главата.

mango

Се покажало дека жената има проблеми со куќата, а кога полицајците ја привеле за инцидентот, била многу исплашена од последиците.Сепак, се случило нешто неочекувано. Мадуро и рекол дека има апартман за нејзе, а и ветил дека ќе јаде манго. Овој гест на претседателот во јавноста наиде на восхит, но и на потсмев.

Настанале дури и вицови за тоа. „Ако за манго даваат станови, знаете што тогаш, фрлајте ананас“, се шегувале на сметка на претседателот. Мадуро, како и Чавез претходно, знае, одвреме навреме, да додели стан лично, како и апарати за домаќинство или да им даде пензии на луѓето со ниски приходи, со цел да ги привлече сиромашните гласачи.

Коментари

Популарно