Митови кои станаа научни факти

Некои митови стануваат толку вкоренети во свеста на луѓето, што многумина цел живот ги сметаат за научни факти. Ќе се изненадите кога ќе прочитате некои од нив:

kineski-zid

Монт Еверест е највисока планина на светот

Иако Монт Еверест е прогласена за највисока планина на светот, многу експерти сметаат дека не ја заслужува таа титула. Имено, врвот на Еверест се наоѓа на поголема надморска висина од врвот на која било друга планина, но Мауна Кеа е највисока планина ако ја имаме предвид висината од подножјето до врвот.

Камелеоните ја менуваат бојата за да се вклопат во средината

Верувале или не, камелеоните ја менуваат бојата во зависност од расположението, температурата, комуникациите и светлината, а не според предметот кој го допираат.

Големиот кинески ѕид се гледа од Месечината

Астронаутите на мисијата Аполо потврдија дека Кинескиот ѕид не се гледа од Месечината.

Капата ја чува главата

Иако многу луѓе сметаат дека телесната температура најлесно се губи преку главата, научниците велат дека на студен ден, ако појдете надвор без капа, ќе смрзнете подеднакво како кога ќе излезете без чорапи.

Земјата се врти околу Сонцето

Технички, Земјата и другите планети во Сончевиот систем, па дури и самото Сонце, всушност се вртат околу центарот на масата на системот, а не околу самото Сонце.

Различни делови од јазикот детектираат различни вкусови

Многу истражувања го урнаа овој мит и покажаа дека вкусовите се чувствуваат во сите делови на јазикот, иако е точно дека некои од нив се почувствителни на некои вкусови.

Кикириките се јаткаст плод

Верувале или не, кикириките како и гравот и грашакот, всушност припаѓаат на семејството мешунки.

Шеќерот децата може да ги направи хиперактивни

Иако некои експерти сеуште веруваат во тоа, многу истражувања покажале дека шеќерот не предизвикува хиперактивност кај децата.

Луѓето имаат пет сетила

Всушност луѓето имаат барем девет сетила, а некои истражувачи сметаат дека имаме дури 21. Петте сетила за вид, слух, допир, мирис и вкус, спаѓаат во основните, па поради тоа настанал овој мит.

Луѓето користат само 10 отсто од својот мозок

Невролозите велат дека се работи за мит и дека луѓето го користат секој дел од мозокот, речиси константно.

Ноктите растат и по смртта

Дехидрирањето на телото по смртта може да доведе до повлекување на кожата околу ноктите и косата, што дава впечаток дека пораснале. Меѓутоа, на сите ткива им треба енергија да ја одржат функцијата, а такво нешто не е можно кога механизмот за нормален раст ќе се изгаси.

Лилјаците се слепи

Наспроти тоа што се ноќни животни и што се служат со ехолокација, ниту еден од околу 1.100 видови на лилјаци не се слепи.

Ако фрлите паричка од Емпајер Стејт Билдинг може да убиете некого

Паричка која тежи околу еден грам во тек на падот од врвот на зградата би се вртела, па поради отпорот на воздухот никогаш не може да постигне толку голема брзина за да убие некого. Сепак, можеби така ќе добиете мала чврга.

Ако држите младенче од некоја птица во рацете, мајката ќе го одбие

Многу птици имаат многу слабо сетило за мирис, па главно нема да го почувствуваат мирисот на своето пиле.

Златните рипки имаат памтење од три секудни

Не е точно дека рибите имаат слабо памтење. Нив дури можете и да ги тренирате, да ги научите да разликуваат бои, па дури и музика.

Биковите стануваат бесни кога ќе им покажете црвена боја

Докажано е дека биковите гледаат само сини и жолти нијанси. Реагираат на црвен плашт, само затоа што тореадорите со нив им мавтаат пред главата.

korrida

Франкештајн е името на чудовиштето од книгата на Мери Шели Франкештајн

Всушност, Франкештајн е името на творецот на чудовиштето.

Мажите мислат на секс на секои седум секунди

Иако некои мажи можеби често мислат на секс, не постојат докази за тоа тврдење.

Ноевите ја ставаат главата во песок кога се исплашени

Ноевите голтаат песок и камчиња да можат полесно да ја сварат храната. Тие ја ставаат главата во песок за да извлечат камчиња, а не бидејќи се исплашени.

Не треба да се будат месечарите

Ако разбудите човек кој месечари тој може да се чувствува исплашено или дезориентирано, но тоа не може да му нанесе некоја штета.

Алберт Ајнштајн бил лош математичар

Точно е дека паднал на приемен испит по математиката во едно училиште, но во текот на учењето бил одличен математичар.

Доматот е зеленчук

Доматот е овошје.

Алкохолот може да ве стопли

Алкохолот може да направи да почувствувате топлина во кожата, но тоа е само привидно. Алкохолот предизвикува ширење на крвните садови, поради што привремено чувствувате топлина. Меѓутоа, со време всушност побрзо ја губите телесната топлина, ако сте испиле некоја чашка повеќе.

Коментари

Популарно