Дали имате слатка крв? Колку често ве касаат комарци

Како што се зголемува температурата, така комарците повторно се тука. Секогаш ни се чини дека некои од нас комарците ги касаат повеќе и почесто од другите луѓе, но дури сега научниците открија: да, тоа е точно. Причината лежи во гените кај луѓето.

komarec

- Веројатно ти имаш слатка крв – обично на шега се зборува кога некој се жали поради каснување од комарци. Жртвата ретко во тие изјави наоѓала било што смешно, ниту пак интелигентно кај лице кое кажува такво нешто.

Сепак, се чини дека нашите гени имаат големо влијание на изборот на комарците кој ќе му биде вкусен за каснување, од што се мислело досега. Тоа е откритие на научниците од London School of Hygiene and Tropical Medicine, кои малку подобро го анализирале ова прашање.

Затоа анализирале број на каснувања од комарци кај близнаци. Кај еднојајчани близнаци и генетскиот материјал е идентичен и навистина немало разлика во бројот на каснувањата кај едниот и кај другиот. Но, потоа се анализирале двојајчани близнаци и таму утврдиле дека еден или една од нив комарците повеќе го каснуваат од другиот.

Оваа студија ја објави дури и угледното медицинско списание Nature, бидејќи има и многу сериозна позадина. Бидејќи има многу болести кои ги шират комарците; маларија, денга грозница, жолта грозница... сите тие болести лесно можат да бидат смртоносни и британските научници се надеваат дека ќе најдат подобар репелент каде потоа комарците нема да напаѓаат лице кое ќе се намачка со него. Тоа не е само важно за спречување на зарази, туку многу би користело и на чувствителни лица кои реагираат со алергија на каснување од комарци.

Научниците веќе утврдија дека комарците ја бираат жртвата според нејзиниот телесен мирис. Така на комарците им се помили бремените жени и лица кои имаат повисока телесна температура. Но според овој наод може да се каже дека вашата привлечност за комарците е нешто што сте го наследиле од своите предци, исто како и вашата висина и бојата на очите.

Научниците сега се обидуваат да утврдат кој точно од вашите хромозоми и генски парови одредува дали комарците ќе не сакаат. А дали на комарците крвта од некои од нас навистина им е послатка од некои други? Тоа научниците не знаат да го одговорат.

Во секој случај, имаат што да кажат за домашните рецепти против комарци, како што е јадење лук или пиење пиво. Научниците целосно се јасни дека тоа не е никаква помош против малите крвопијци. Додуша, тие методи барем можат да ви помогнат околу вас да нема луѓе кои ќе даваат глупи коментари дали сте со слатка крв.

Коментари

Популарно