НЕВЕРОЈАТНО ХУМАН ГЕСТ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН: Цели 42 км ќе трча буткајќи ја Марга во инвалидската количка на Јоце!!!

Почитувани во чест на спортот и хуманоста, на овогодинешниот СКОПСКИ МАРАТОН што ќе се одржи на 10 мај , под мотото " IF YOU SAY RUN, I'LL RUN WITH YOU - FOR BETTER LIFE FOR JOCE & MARGA, маратонецот Александар Смилков ќе трча на патеката долга 42.195 КМ со хумана цел и позитивна мисла за Јоце и Марга со неговиот придружник маратонец Александар Димитровски.

јоце марга

Неговата трка ќе биде невообичаена досега. Цели 42 км ќе трча буткајќи ја Марга во инвалидската количка на Јоце. Со тоа Јоце и Марга и самите ќе бидат учесници прв пат на еден маратон.

Во име на хуманоста и доброто дело во пресрет ни излегоа СКОПСКИ МАРАТОН, ЦРВЕН КРСТ -ЦЕНТАР,СКОПСКО НОЌНО ТРЧАЊЕ И A.K Endurance.mk Project. Ви Благодариме однапред на целосната поддршка ,а најмногу на Александар Смилков за иницијативата да им помогнеме на Јоце и Марга.

***Јоце Блажевски (боледува од церебрална парализа)и за неговиот последен третман со матични клетки во Клиниката Неуровита во Москва се потребни 13 745 ЕУ. Во Јуни треба да биде последниот третман. Веќе 3 години се лекува со третман со пресадување на матични клетки и успеа од инвалидска количка да застане самостојно со помош на дубак и да прави чекори. Неговата упорност и трепние го доведоа до огромен успех, успех кој е и наш бидејќи сите заедно успеавме да му го овозможиме ова лекување.

Ова е фан страната за Јоце:

https://www.facebook.com/HumanostaZaJoceNePoznavaGranici?fref=ts

Т-МОБИЛЕ број за донација 070/ 143 109

***Марга Велеска е 29 годишна девојка која исто така боледува од церебрална парализа, Таа се движи самостојно,но со потешкотии и нестабилност. Сеуште има потреба од помош од друго лице. За да се подобри нејзината рамнотежа и општа физичка состојба, потребен и е ист таков третман со пресадување на матични клетки во Клиниката во Москва. Марга веќе 3 години се обидува да собере 21 000 ЕУ за првиот третман, но подоцна следат и остатаните третмани. За првиот третман и недостасуваат уште околу 9 000 ЕУ.

https://www.facebook.com/pages/So-Vasa-Pomos-Do-Nov-Zivot-Za-Marga/555903521148203?fref=ts

Т-МОБИЛЕ број за донација 070/ 143 114

ВИП број за донација 077/ 143 077

За да се оствари оваа идеја и сонот на Јоце и Марга да проодат самостојно и да трчаат еден ден и тие за луѓе на коишто им треба помош, ни е потребна вашата поддршка и помош како и досега. Да се избориме за овие два млади животи и да им овозможиме да го искусат и зграпчат сето она што досега го “пропуштиле“ поради физичкиот хендикеп.

За маратонот и трката да биде успешна потребна ни е донација, за која испраќаме барања до фирми и компании кои би можеле да учествуваат со донација и да го спонзорираат маратонецот Смилков кој ќе трча на патеката цели 42 км буткајќи ја количката и за секој негов истрчан километар потребни ни се по 1 800 денари од секоја фирма (доколку би се собрале 200 фирми) но секако дека може да донира и поединец ,физичко лице и сите оние кои сакаат да им помогнат на Јоце и Марга.

Оваа хуманитарна кампања можете да ја поддржите со уплата на жиро сметките:

*NLB Тутунска банка – Скопје: 210-5016352013.14

*Стопанска банка АД - Скопје: 200000207845578

со назнака “ Хуманитарна донација за лекување “

на име Јовица Блажевски

Се гледаме на СКОПСКИ МАРАТОН , 10 МАЈ

Коментари

Популарно